,,БИЛЕТ ВО ДВА ПРАВЦА“ – Мостот на поезијата стана „Мост на иселените.“
Младите стружани го вклучија алармот. Што прави Струга, да ги задржи или врати младите луѓе во градот ,истражуваше Мики Трајковски. Сторијата е поддржана од Националниот Демократски Институт од Вашингтон.
Како Струга нема друга. Оваа изрека со децении го красеше градот на мостовите. Но стружани сега на шега ќе речат „И да има што ќе ти е “. Тоа е така, велат , затоа што еден од најубавите градови во државата се претвора во град на иселеници. Велат, од туризам два месеци во годината не се живее.
Со цел да алармираат и да упатат симболична порака до носителите на одлуки во Македонија, дека Струга се повеќе се празни младите македонци и албанци во центарот на градот поставија инсталација од луѓе направени од картон како движејки се по мостот на поезијата ја напуштата Струга. Мостот го преименуваа во „мост на иселените“, а поставија и “споменик на иселените“.
„Иако стоеше само одредено време важноста на пораката остана“, вели Благоја Грчески младински активист од Струга.
„Во рамките на граѓанската акција Ние одлучуваме која се одвиваше неколку недели посочивме на повеќе проблеми кои го засегаат македонското општество. Голем број на млади ја напуштиле и се уште ја напуштаат Струга. Се’ повеќе и повеќе млади луѓе обезбедуваат документи за трајно иселување од тука. Преку годината Струга е полупразна, само преку лето има раздвиженост“, вели Грчески.
Младите стружани се жалат дека без партиска книшка си граѓанин од втор ред
Грчески вели дека оние кои не се партиски активни се граѓани од втор ред во Струга.
„Претежно секторот за вработување во Струга е јавниот сектор кој е политички и партиски. Младите луѓе кои не се партиски ангажирани се граѓани од втор ред и тешко можат да најдат работа во своето родно место. Пред се во државните институции е одговорноста бидејки надлежноста е пред се на централната власт, но секако дел од одговорноста мора да ја понесат и општинските власти и тие не се амнестирани“, вели Грчески.
Иселувањето од Струга нема етнички предзнак и со него се засегнати и македонците и албанците. Али Муса млад албанец од Струга вели дека албанците земаат карта во еден правец и заминуваат.
„Живееме во Струга и заеднички град ни е и на македонците и на албанците. Ние со миграција сме почнале многу порано и се уште продолжуваме. За албанците во Струга главно е кој во која држава ќе оди или кога ќе оди бидејки никој не сака да остане во Струга. Секој сака да најде работа да не го боли главата за во иднина. Некои заминуваат по завршувањето на средно образование , а сега има тренд, завршуваат факултет овде и потоа заминуваат за Германија, Швајцарија или Австрија“, вели Муса.
Инаку пред повеќе од година младинските активисти од Струга спроведоа акција која ја нарекоа „Младински будење“ кога преку фотографии кои беа споделувани преку социјалните мрежи посочуваа на одредени проблеми со кои се соочуваат младите, како немање на затворен базен и проблемот со градската депонија.
Поради иселувањето во Струшко Радошда, оваа година се запишално само едно прваче
Стружани со кои разговаравме велат дека се загрижени за иднината на градот.
„Последно време се’ повеќе млади бегаат надвор за работа. Се зборува ли со некоја бројка на млади албанци кои заминале до сега?Незнам колку е бројот но знам дека многу бегаат. Тоа се чувствува и со свадбите. Порано многу свадби овде се правеа сега надвор бегаат. Тоа е поради политичката база, партиска линија, а тоа не било така порано“, вели еден стружанец, албанец по националност.
„Јас сум од селото Радожда. Има триесет млади фамилии од Радожда кои се иселение. Во Радожда дојде од 100 ученици во основното училиште, прваче да има само едно. Требаше да има 11 првачиња. Многу населби се празни во Струга. Половина од куќите се празни во Мислешево“, вели еден жител на Струга.
Центарот на заедниците на општина Струга изработи стратегија за млади за период од 2015-2020 година, а која се однесува на неформалното образование на младите и развивањето на нивните капацитети. Изработен беше и флаер за младински права и обврски.
Но Катерина Талеска Скепароска од овој центар вели дека не доволно се искористени капацитетите на младите во Струга.
„Во Струга немаме волонтерски сервис каде младите дополнително надвор ќе можат да се вклучат во некои активности и да помогнат за подобро на оваа општина. Како и во секоја друга општина и општина Струга е загрижена за иселувањето на младите, но се надеваме дека со политиките на оваа или некоја следна власт дека ќе се насочат повеќе кон тој проблем и ќе воведат некои политики или нови програми кои ќе ги задржат младите во Македонија“, вели Талеска Скепароска.
Го прашавме Васко Јолески од невладината организација Каприкорн од Струга што треба да се направи за да се задржат млади да останат овде.
„Реално привлекување на странски инвестиции и да се оди кон сузбивање на судирот на општинските и централните власти без да натежнуваме кој е крив или политичка партија. Што повеќе да се оди на конструктивност, а не на деструктвност. Народот најмногу губи од тоа, а младите како основа на која останува општеството повеќе губат од било кој“, вели Јолески.
Општинските власти не гледаат вина кај себе за се по масовното иселување
На нашето прашање до општинските власти во Струга што тие прават за да ги задржат младите луѓе во градот и да го спречат иселувањето, одговорот од таму беше во држава каде што се е цетрализирано, локалната самоуправа нема ништо во свои раце за да направи нешто такво. Од таму, уште додаваат, дека со слободните економски зони наместо државата треба да менаџираат локалните власти, за да на тој начин се обезбедат услови да се привлечат инвеститори во сите општини, а не како што тоа било случај до сега кога како што велат се носеле инвеститори во средини каде што македонците биле мнозинство.
Во Струга на самиот влез на градот е предвидено да се гради индустриска зона која се’ уште е надвор од функција. Но некаде на средина помеѓу Охрид и Струга веќе функционира владината технолошко индустриско развојна зона, каде веќе е изградена една фабрика.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика од Струга во последните неколку години си заминале 4500 граѓани. Овие бројќи се заклучно со 2015 година, но неофицијалните бројќи се далеку поголеми, бидејќи секојдневно автобуси со луѓе од Струга заминуваат за Швајцарија , Германија, Австрија, Италија и други западно европски држави.
Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.