Битиќи: Прогресивниот данок нема да важи за ИКТ индустријта (видео)
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи зборувајќи за големиот раст на приходите, нови компании и нови вработувања во ИКТ индустријата во Македонија и во време на пандемија, нагласи дека во наредниот период мора да се забрзаат превдвидените мерки и потези од владината програма со кои на оваа индустрија ќе и се овозмжи уште поповолен амбиент за работа
Според вицепремиерот и покрај пандемијата оваа година сите трендови и прогнози укажуваат дека ќе биде значително економски подобра.
„Имаме раст на даночните приходи по сите основи. Мал пад е забележан во индустриското производство и трговска размена, но тоа се вообичаени трендови што традиционално ги следат првите квартали од годината, Оптимистички се и најавите на меѓународни финансиски институции кои прогнозираат раст од 4, 1 проценти за Македонија. Добра вест секако се и позитивините очекувања и оптимизмот што владее кај компаните и инвеститорите ,“ вели Битиќи потенцирајќи го сепак разочарувачкото однесување на партиите кои наместо сплотеност и заедништво во моменти на коронапандемија продуцираат нови поделби и кризи.