Би нуркале во најмистериозниот базен во светот?
Природниот базен, познат под името Џејкоб бунар, кој се наоѓа во Тексас и секојдневно ги предизвикува најхрабрите да дојдат и да се фрлат овде.
Овој природен базен важи за еден од најопасните и најмистериозните во светот. Се прашувате зошто, кога изгледа толку прекрасно?
Водата во Џејкоб бунарот е толку чиста што изгледа како да скокате во потполно празен простор, без да знаете дека под водата се крие подземна пештера во која живеат голем број на водени животни и растенија. Бунарот е широк само 4 метри, а длабок нешто повеќе од 10 метри. Преполн е со тесни тунели во кои никој никогаш не успеал да се нурне.
Сепак, оваа туристичка атракција е дестинација за многумина кои сакаат да уживаат во бесконечната глетка, а воедно и да ги испробаат своите скокачки вештини.
Би се осмелиле?