Валери повторно ја движи модерна вибрација
Модерна вибрација доминира и во новото музичко и видео парче на Валери. Авторската низа на песни меѓу кои се „Само ти“, „Дозволи ми“, „Ќе биде“ на Нешо и „Доволни “ на Сирилик, ја продолжува со „Крај“.
За оваа песна Валери повторно соработува со Темелко Андреев, со кого става и заеднички потпис на музиката, стиховите, аранжманот и продукцијата. Видеото е на Горан Симјановски.