Васил Гарванлиев ја одбра песната „You“: За Евросонг мора егото да се стави на страна

Васил Гарванлиев, кој годинава ќе не претставува на Изборот за песна на Евровизија во Ротердам, Холандија, веќе ја одбра песната, која се вика „Ти“.  Повеќе детали околу песната не се откриваат, освен дека тоа е авторска песна на млада екипа на наши девојчиња од дијаспората.  Односно  музиката е на Невена Нешковска,  а текстот покрај Невена го подготвувале и нејзината сестра Калина и нивна колешка  Алис Шредер, кои заедно живеат цо Чикаго а студираат музика на „Беркли“.

-Со сите елементи што ги содржи песната можам да речам дека тоа е тоа. Невенка и нејзиното семејство ги знам поодамна, кога и јас и тие живеевме во Чикаго. Кога се направи јавен повик за песна за Евросонг јас бев во Чикаго, таа ме побара и ми рече дека сака да прати песна. На конкурсот на МРТВ и јас пратив свои четири песни. Но, егото мора да се стави на страна. Затоа и од сите песни што стасаа оваа најмногу ме допре. Со  Невена не сме се  дружеле многу, но ги гледала моите спотови, ги слушала моите песни и и го почувствувала мојот сензибилитет, вели Васил.

Тој вели дека периодов ќе се направи и видеозапис за песната, „Вацев“ се задолжени за тоа,  ќе биде видеограф. Тоа е истата екипа што ги има правено моите спотови и ги знаат сите мои скриени пораки во спотовите.  Песната и спотот заедно ќе се промовираат идниот месец, а за се што носи песната  дел по дел ќе биде објавувано на мојот Инстаграм профил, кој ке биде главен центар на инфомациите околу моето учество на Евросонг вели тој.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background