Ветеринари со часови оживувале замрзната мачка, па покажале како изгледа сега

Ветеринарите во Монтана оживеале мачката која речиси се замрзнала до смрт, откако е пронајдена од глава до пети покриена со снег и мраз.

Д-р Џевон Кларк од клиниката за животни „Kalispell“ рекла дека кога Флафи била донесена во клиниката не покажувала знаци на живот, а нејзината телесна температура воопшто не била регистрирана на термометарот.

Ветеринарите не сакале да се откажат од неа, но после два часа користење топла вода и облоги, температурата сè уште ѝ била ниска, па ја однеле на клиниката за итни случаеви, каде после неколку часа конечно почала да се опоравува.

Amazing success and survival story from this week. Some clients found their injured cat buried in snow. They brought…

Gepostet von Animal Clinic of Kalispell am Dienstag, 5. Februar 2019

Клиниката на Фејсбук објавила фотографија од опоравувањето, која предизвикала големо внимание, но и различни реакции. Додека многумина ја фалеле реакцијата на ветеринарот, имало и такви кои ги нападнале сопствениците на мачката, за која сметале дека не требло да биде надвор. Но, ветеринарката не се согласува со тоа.

„Никогаш не сум го видела ова“, рекла Кларк. „Го работам ова 24 години и никогаш не сум видела животно кое всушност е покриено со мраз, 360 степени околу него. Температурата ѝ беше толку ниска што термометарот воопшто не покажуваше нешто, па знаевме дека е под 30 степени“, додала таа.

Кларк вели дека Флафи е стара три години и секогаш живеела надвор. Живеела надвор кога се вселиле нови сопственици и ја вдомиле. Сопствениците на мачката не сакаат да се идентификуваат, но Кларс вели дека не направиле ништо погрешно и додава дека се сомнева дека се случило нешто поради што мачката завршила во таква состојба.

„Претпоставувам дека се случило нешто трауматично. Можеби паднала од некаде или пак некој сакал да ја улови, па се повредила… Не можела да се врати на местото каде обично се криела“, вели таа и открива дека сопствениците сега планираат да ја чуваат дома, барем засега.

„Ќе видиме дали тоа ќе ѝ се допадне на Флафи или не“, рекле сопствениците.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background