(видео)Апостол Симовски: Во пописните резултати ништо не може да се менува, веројатно е техничка грешка
„Ќе провериме но најверојатно е некоја техничка грешка или превид во распоредот на табелите и графите, во пописните резултати не е менувано и не може да се менува ништо, изјави првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски во денешното гостување на емисијата „Стадион“одговарајќи на прашање во врска со обвинувањата дека ДЗС ги променила графиконите од пописните резултати.
Од вчера табелата 9 која се однесува која се однесува на резидентно население по верска определба не е истата со табелата 9 објавена на 30 март оваа година.
Од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764 а ја нема графата Евангелско-протестантски христијани, која броеше исто толку попишани 8764 лица.
Во новата табела се избришани, или не се прикажани лицата чија верска определба е помала од 500, па така ја нема ниту графата за Евреи, се вели во реакцијата.
Тој најави дека ќе се направи проверка и со соопштени јавноста ќе биде информирана.