(ВИДЕО)Газдите ненаситни за пари излегоа на улица и им ја презедоа на работниците – став на КСОМ

Во Македонија се случува апсурд  – наместо работниците да протеститраат, пандемијата ги извади газдите на улица. Протестираат преку коморите и бараат државна помош. Ова го кажа во емисијата „Стадион“Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата  на  Синдикални Организации на Македонија (КСОМ). Тој е дел од групата кој ги определува мерките за државна помош и ги акцентира, како што вели апсурдите на македонската ковид економија.

-Државата оддели 800 милиони евра, што директна помош на газдите, што бескаматни кредити и кредити со грејс период. Замислете 800 милиони евра! И каков апсурд се случува во Македонија – сведоци сме дека овие денови повеќе протестираат газдите, коморите и извршителите дури излегоа на протест. Буквано за земаа улицата, каде што е место на работниците. Значи, тие се ненаситни за парите. А гледате што се случува – првиот споен викенд и Македонија и Скопје се испразни. Кој отиде? Отидоа газдите, кажа Ристески во „Стадион“.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background