(Видео)Ниту во декември ниту во јануари ќе се крене рампата за Македонија, рече дописникот на МИА од Софија, Крастев во „Стадион“
Дописникот на МИА од Софија, Николај Крастев, беше гостин во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77.
Тој не верува дека на 14 декември на самиот на ЕУ, ќе дојде до откочување на процесот за утврдување на датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.
„ Не е реално да се мисли дека на 14 декември, ќе се добие датум за преговори. Дури мислам дека и јануари не е реален, гледајќи од тоа како изгледа преговарачкиот процес меѓу партиите во идната коалициска Влада. МИА неколку пати објави дека тоа нема да биде лесен пат, но важно е да се има доверба. Гледаме од разговорите дека продолжуваат промените. Се настојува да се раздели историјата со сегашноста и да се продолжи по две лини. Така најверојатно ќе се бара некаков модел на меѓусебната комуникација меѓу Софија и Скопје. Тука многу важна еи состојбата во регионот, која што во моментов е многу напната,“ изјави Крастев
Тој ја спомена и изјавата на Даниел Лорер од коалицијата „промената продолжува“ којашто ја пренесе и МИА, дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор со Македонија.
Даниел Лорер се смета за најсериозен кандидат за Министер за надворешни работи во новата Влада во Бугарија.