(Видео)Приватните болници ги осиромашуваат граѓаните до немилост – д-р Владимир Лазаревиќ за немилосрдноста на приватното здравство

-Несвојствено е приватните болници да прават профит од 40 до 50 проценти. Тоа е несфатливо во светски рамки и стандарди каде што профитот не поминува седум, девет, десет отсто. Па видете им ги само завршните сметки, рече здравствениот експерт Владимир Лазаревиќ во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
Според доктор Лазаревиќ, кој во моментот управува со проектите на министерството за здравство на Абу Даби и на Дубаи, цените во приватните болници се нереални и државата мора да изгради систем на осигурување кој ќе важи и во овој сектор.
– Државата мора да ги регулира цените на приватните болници така што ќе ги внесе во системот на здравствено осигурување Државата многу одамна требаше да направи систем со механизам кој ќе знае и контролира колку нашето насление троши во здравствето. Мора да се овозможи осигурување без разлика дали е јавно или приватно здравство. Но и покрај секојдневните информации за астрономски цени, трагични судбини на граѓани и семејства кои останле и без најмили и без пари, сеуште нема вакви иницијативи во јавноста – вели Лазаревиќ.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background