(ВИДЕО)Ралповски: ССМ го игнорираше нашиот протест и не се придружи

Наместо брзо решавање на споровите од работен однос, како што налага законот, кај нас тие спорови траат по две или три години. Ова во емисијата „Стадион“ го забележа Благоја Ралповски, претседател на Конфедерација на слободни синдикати (КСС), кој и самиот добил отказ. Ралповски го изнесе примерот со потпретседателот на КСС, кој добил отказ и во 2014 година, но тогаш тие спорови траеја шест месеци и бил вратен на работа. И овој Ден на трудот се одбележува со разединети синдикати, што Ралповски го објасни низ примерот со нивниот неодмна организиран протест.

-На 15-ти правевме протест, разговаравме со претседателот на ССМ да не се отпструира, заеднички да се бориме да не ни се ускратат правата, се договоривме за минималната плата. Дента кога направивме простест не добивме поддршка од ССМ. Престедателот на ССМ излезе и кажа дека не знаел зошто е протестот во возила, не знел зошто се протестира, не знаел зошто излегуваме вака, било тоа смешно. Претседателот на ССМ точно знае колку синдикални лидери во КСС имаат добиено отказ, пред се’ јас како претседател на ККС. И кај нас беше паролата „Доста е со прогонот на синдикалните лидери, доста е со прогонот на синдикалното членство, претеравате!“. Меѓународните синдикати ни дадоа огромна поддршка, дадоа и дел од синдикатите во Македонија, многу синдикати во рамки на ССМ дојдоа да ни дадат поддршка, но зошто ССМ не испрати допис или барање заедно да излеземе на протест. Ние немаме проблем со синдикалното членство, ние сме спремни да соработуваме, изјави Рапловски од КСС.

Тој негираше дека синдикатите се продолжена рака на партиите и побара да се каже со име ако некој така се однесува.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background