(видео)Славчо Темелковски: Ако сакаме успех потребно е единствено студентско собрание за сите Универзитети, кое ќе биде двигател на промените
Студентите немаат доверба во ниту една политичка партија, ниту во институциите коишто ја водат државата. Таа недоверба е креирана благодарение на некои погрешни политики коишто се носени во изминатите триесетина години, посебно во изминатите две години и онлајн наставата и општо што студентите немаа можност да се вмрежуваат на своите факултети, кажа во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77, Славчо Темелковски студент на УКИМ.
„Сето ова придонесе да опадне тој препознатлив студентски борбен дух, кој бил карактеристичен во минатото. За само два месеци успеавме да го вратиме до некаде и на меѓународниот ден на студентите да излезат и да ги побараат своите права и ги искажаа своите барања пред институциите,“ додава Темелковски.Она на што во иднина би требало да биде нашата цел е сите студенти да бидат организирани во едно заедничко тело. Во моментов сите универзитети имаат свои посебни универзитетски собранија.
„Тоа е едно од нашите цели, коешто треба да го исполниме, да си формираме организација којашто ќе биде за сите Универзитети, да имаат една организација којашто ќе биде водилка, нешто што е актуелно во соседна Србија. Тука, тоа државно студентско собрание е двигател на голем број промени. Ги обединува сите Универзитетски собранија на ниво на држава, го обединува и сите други видови на собранија во коишто се обединети студентите и таа е еден вид на чадор организација, којашто е најмоќното оружје кое го имаат студентите. Тоа може да се направи и кај нас, но потребно е некој работите да ги поттурне,“ вели Темелковски.