(видео)Ќе даде ли оставка Заев ако има бугарско вето?
Ќе се повтори ли ситуацијата од пред Предвремените парламентарни избори 2019, кога премиерот Зоран Заев си даде оставка? Во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, премерот Заев одговори на барањата од опозицијата за негова оставка, а кажа и кога ќе свика лидерска средба.
Според Заев, лидерската средба во овој период, може само да му наштети на процесот со Бугарија.
– Веднаш штом завршат преговорите со Бугарија, ова поглавје на разговори, успешно или неуспешно, јас ќе свикам лидерска средба. Никаде во Европа не се прават лидерски средби во ек на разговори , кажа Заев.