(ВИДЕО) Апостол Симовски: Првиот што ќе лаже или бојкотира ќе добие кривична пријава

„Пред нас е сега огромна обврска да покажеме дека имаме капацитет да спроведен статистичка, а не политичка операција. Доминира изминатиов период политичкиот притисок врз оваа статистичка операција, но еве правиме напори не само да го издржиме туку и да го елиминираме тој политички притисок”, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој вели дека податоците кои треба да се приберат од пописот треба да им служат на граѓаните за планирање на квалитетен развој на сите полиња.

Тој потенцираше дека од секогаш политиката сакала да го искористи пописот во свои цели, особено е тоа случај по промените на Уставот кога процентите на учеството на одредена популација како дополнителни права и слично.

Вели последната пречка да може да ги финишираат подготовките за пописот е помината, останува сега на ДСИ да ги организир подоготовките и успешно да го спроведат.

„Реакцијата од јавноста беше дека во пописот треба да се остават овие два белега, верска и етничка припадност, но тука е и полето каде политиката е подготвена за свое дејствување. Штом граѓаните како корисници сметаат дека треба да бидат овие белези вклучени, тие се дел од пописот, тука е главното поле на притисокот“, потенцира Симевски.

Во 1994 година пробавме покрај мајчиниот јазик да ставиме и познавање на други јазици. Она што е важно е мајчиниот јазик кој може и да не го знаете, но нас ни е важно кој јазик го користите во комуникацијата во домаќинството. Една од причините Симовски за ваквата опција во пописот е и планирањето на образовниот процес.

„Ние имаме мешани бракови каде таму има два јазиик секој поединец си кажува кој јазик го користи во комуникација во домаќинството. Може да говорат два јазика, а да се разбираат помеѓу себе, не мора да кажат сите од домаќинството дека користат ист јазик. Додека за малите деца, одговор
дават родителите или старателите“, појаснува диркеторот на статистика.

Она што е надвор од рамките на законот за попис, вели Симовски е предмет на методологијата, стручна работа.

„Опозицијата настојуваше, а што не е проблем да во законот има одредени методолошки елементи, меѓутоа иако тие стандарди се познати кои не ги поставуваме ние како институција, туку се поставуваат на светско ниво, Економската комисија на Европа на ООН, а ги прифаќа и ЕУРОСТАТ и кои се задолжителни стандарди за сите. Во тие стандарди има одредени дефиниции кои треба да се запазат  за да нема дуплирање на одредени лица  во една или во друга земја. Опозицијата инсистираше оваа дефиниција да биде дел од законот, технички не е никаков проблем  и плус да се запишат белезите за кои ќе прибираме податоци во законот. Зошто одбивме ова да не се случи? – Имаме едно лошто искуство со пописот во 2002 година кога се носеше законот на самата седница и со амандман се променија многу работи. Прво лицата кои беа опсутни во странство повеќе од една година, се тргнаа од пописот“, појасни Симовски.

Диркеторот истакна дека ќе има казни за лажни податоци, не давање податоци, има казни за притисок од друг аспект .

„Ако некој политички субјект јавно наложи на граѓаните да постапуваат надвор од правилата што се во законот. Ние ќе бидеме задоволни и среќни сите политичи субјекти да дадат поддршка на пописот, но не и да се врши притисок. Првиот што ќе даде лажни податоци или ќе бојкотира ќе добие кривична пријава’, рече Симовски кој најави и дека ќе има кампања за пописот.
Симовски вели за да граѓаните за да бидат сигурни дека како институција нема да подлегнат под било какви политички притисоци и да креираат или нечии желби да задоволуваат, методологијата ќе биде јавен документ.

“За прв пат ќе биде објавена во Службен весник и ќе може да се види што пишува, кои се стандардите и што ние мора да испочитуваме. Согласно законот, методологијата се носи по гласање на законот, меѓутоа ние таа медологија ја градиме веќе три години“, изјави Симовски.

Попис на граѓани или државјавни. Сите државјавни кои се присутни во државата или отсутни ќе се попишуваат и ќе бидат дел од пописот. Второ сите странци, странски државјавни кои немаат македонско државјанство, а се присутни во државата и трета категорија се лица кои немаат документи, а се присутни во државата, тоа е категорија која во сушнина е дефинирана. Министертсвото за труд и социјлана политика има податоци за овие лица и ќе му помогне на ДСИ  да може да ги попише овие лица, како што тоа е предвидено со стандардите од ООН.

„Категоријата вкупно резидентно население дефинира кој се влегува во таа категорија, ова е дополнителна категорија која не влегува во вкупно резидентно население. Нас ни е важно бидејќи сме држава која има голем проблем со миграцијата, нас населението ни се иселува многу одамна. Пост пописно истражување се прави само кога се користи традиционалниот метод на попис, овој што ќе се спроведува кај нас ќе биде хиридно т.е комбиниран метод, кој се користи одамна во светот, а ние за прв пат ќе го користиме. Методот опфаќа попишување на терен  и паралелно користење на податоци кои што ги имаме во регистри во бази на податоци, ние формиравме една пописна база“, појаснува Симовски и додава дека вкупно се седум бази од кои ќе се прибираат податоци, базите вели Симовски се 100%  сигурни бидејќи сите се документирани.

Вели во методологијата тоа е се детално разработено, кои се лица ќе бидат попишувани и во која категорија ќе бидат. Ние не можеме да спроведуваме попис исклучиво на регистри , ние прво имаме проблем со лицата што се надвор, но се наоѓаат во нашата база на податоци ги има во регистарот на население, меѓутоа не знаеме дали се тука, не сите или еден огромен процент од населението не живее на адресата што му стои во личната карта, многу луѓе имаат адреси на личната карта на кои не живеат. По пописот, вели Симовски се планира да се воспостави т.е Статистички регистар на населението кој ќе биде само за статистички цели.

Во моментов ДСИ има набавено вкупно  4750 компјутери, а по завршување на пописот истите ќе бидат донирани во училиштата. Директорот најави и дека сите попишувачи во пописот ќе може први да се вакцинираат.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background