(видео) Зградата на ФИНКИ ќе чека на нова проценка и нов проект да продолжи со градба

Над 4000 студенти лутаат од факултет на факултет, од барака на барака за да изведуваат настава, додека почнатата нова зграда десет години стои недоградена. Ова е само еден од примерите за последиците од нерешените прашања со трите згради во кругот на УКИМ, кои стојат незавршени.

Проректорката Билјана Ангелова, која е еден од кандидатите за ректор во емисијата „Стадион“ на Канал 77 објасни дека зградите се заглавени во стечаите на изведувачите.

-За трите згради во кампусот- таа на ФИНКИ, на Факултетот за физичка култура и спортската сала, за жал, во ниеден во три случаи УКИМ не е страна во спорот. Тоа е договор меѓу МОН за факултетските згради и изведувачот од друга страна, а изведувачите се во стечај и 10 години стојат во таква состојба. Гаранции имало и не знам дали се активирани.  Земјиштето е на РСМ, додека УКИМ е корисник. Согласно договорот, по добивање на употребна дозвола, објектите се предаваат на Универзитетот, објасни Ангелова.

Како што рече, секоја година УКИМ се залага за нивна активација, што  конечно е успеано годинава. Во буџетот да се алоцирани 20 милиони за да се направи проценка на состојбата на објектите, да се изработат нови проекти за да се види  во која фаза е, и да се види што треба да се инвестира за да се распишат тендери и да довршат.

-Во однос на спортската сала,  завршена е проценката од машинска и електроинсталација и челични конструкција. Универзитетот не е страна во овој случај. Изведувачот Акон потпаднал под стечај бидејќи Агенцијата за млади и спорт не му платила за салата и останала во стечајната маса. УКИМ успеа да ја врати и сега со Агенцијата за млади и спорт се договоривме во нивната програма да влезе проценка колку треба да се вложи, што ние ја финансираме, кажа Ангелова.

На ова Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет праша зошто се дозволи салата да се уништи, а  милион денари годишно  се плаќа за обезбедување.

-Бевме присутни на свечено отворање салата во 2015 година. А УКИМ плаќа огромни средства за обезбедување. Каде е тоа обезбедување, зошто осум години стои? А за тоа што е украдено? Запалено е оган сред сала, а ние плаќаме обезбедување, реагираше Дуев.

Како што беше кажно во „Стадион“, новата зграда Факултетот за драмски уметност не сакал да ја преземе зградата поради тоа што несоодветно е изведена. УКИМ има значителен имот, вклучувајќи го и Конгресниот центар во Охрид, каде одат професори и студенти на конгреси. Беше покренато и прашањето за објектот Опитно поле во Тетово, кој е даден под концесија од 15 години и која се’ уште не е завршена.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background