(Видео) Лазар Еленовски: „Да се знае кој е пилот во авионот“-Артан Груби треба да биде премиер на техничката влада пред избори
Артан Груби е името кое што најчесто се споменува како премиер на „техничката влада “ која што треба да се формира пред следните парламентарни избори, според направениот договор на актуелната власт-СДСМ-ДУИ, тој да биде Албанец.
Сепак во последно време почна да фигурира и уште едно име, Лазар Еленовски, поранешен политичар, сега бизнисмен, со татко Македонец, мајка Албанка. Тој во денешното гостување во емисијата „Стадион“ кажа дека е неприфатливо и нелогично да биде „консензуален премиер на техничката влада.
„Јасно е дека Артан Груби ќе биде тој премиер, зошто тој и сега има поголеми ингеренции. Целата кампања на ДУИ од последните избори, за којашто и нивното членство не знаеше е излегувањето со кандидат за премиер, којшто беше „патка“ а кандидатот Насер Зибери, наместо премиер стана омбудсман. Сега излегува приказната за Артан Груби, влегува како вицепремиер, па станува координатор на политички системи и го зема најголемиот проект во државата вреден две милијарди евра, да биде координатор-Дали се знае кој е пилотот во авионот?,“праша Еленовски
Во врска со шпекулациите дека всушност и никој од СДСМ не сакал да ја прифати улогата на координатор на проектот за изградба на автопатите од „Бехтел и Енка“, да биде вториот Миле Јанакиевски, Еленовски смета дека ако е така, фер би било да си дадат оставки и да одат на избори.
Во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Еленовски зборува за неговата политичка кариера, за концепцискиот конфликт со Бранко Црвенковски, за формирањето на СДУ, за излегувањето од политиката, за моменталните состојби во државата, за Судскиот совет, за состојбите во Министерството за одбрана. Проследете го целиот разговор на следниот линк