(Видео) Легнувам и се будам со сликата на син ми, срцето ме боли, вели Сулејман Ибрахим, таткото на починатиот Булент Ибрахим

Гости во денешното издание на емисијата „Стадион“ беше Иван Лефков, адвокат на семејството на починатиот Булент Ибахим , кој почина од сепса по операција на хемороидите, како и неговиот татко Сулејман Ибрахим.  Во врска со овој случај, кој се уште е во судските лавиринти тој  меѓудругиото рече:

-Досега  влоќивме кривична пријава против докторот кој ја изврши нелегалната операција, против анестезиологот, против неговата приватна ординација, како и докторот во чија сала се има извршено нелегалната операција. Пријавата е поднесена во март минатата година и од тогаш  долфг период немаше никаква разрешница. По нашето медиумско експонирање се покрена постапка, бевме повикани во обвинителството во Скопје и забележавме очигледна пристрасност во работата на обвинителката и реагиравме. Но, не успеавме и на крај дојдовме до решение во кое се отфрла кривиќната пријава. Направивме вештачење, кое јасно укажува дека е лекарска грешка.  Операцијата е вршена во нестерилни услови. Земен е брис од болното место и без да ги причека резултатите докторот ја направил операцијата.  А Булент имал стрептокока на болното место, кое се констатирало три дена откако се извршила операцијата. Потоа починал во „8 Септември“, вели Лефков и додава:

– Во мислењето на лекарот се наведува дека и во отпусното писмо и во потврдата за смрт, како причина е наведена сепса, а тоа е како последица на труење на крвта на болното место каде е вршена операцијата. Нејасен е ставот на обвинителството да се става во одбрана и да приложува докази во одбрана на обвинетиот. Обвинителката се става во одбрана на докторот кој ја извршил нелегалната операција. Сега сме во фаза на жалба, вели меѓу другото Лефков.

Сулејман  Ибрахим вели дека  цела година и повеќе се криел документот по фиоки.

-Вечерта кога синот почина  дежурниот лекар ми рече: „Дали сакате да му направиме обдукција?“.  Во тој момент на тага не смееше тоа да ме праша. Па нели постои правило кога пациент ке почине во болница, задолжително се прави обдукција. Потоа ми предложија да направиме ексхумација на телото, па ми рекоа дека државата многу  пати му должи на здравството и затоа не може да се направи.  Овде се игра игра. Колку пари дадов и уште ќе дадев само син ми да беше жив. Син ми му се јавува на лекарот дека има болки, а тој доаѓа дома да му даде инфузија.  Син ми повраќаше, имаше дијареа. Па ако е лекар ќе знаеше дека нешто се случува во организмот. Сигурен сум дека кога лекарот ги добил резултатите и видел дека син ми има стрептокока, тој прикрива својата грешка, вели Ибрахим.

Тој вели дека син му едно време работел во Центарот за управување со кризи и таму негов пријател го посочил лекарот кај кој да се оперира.

-Тој ништо не му зема, освен брис од носот и му рекол да дојде да го оперира. Ништо друго. Дадов 1.00 евра и ако требаше ќе дадам и 100.000 евра, ќе позајмев само син ми да беше жив. Син ми замина а тој шета. Тврдам дека полицијата и судот го бранат.  Каде е правдата. Јас веќе две години сум  жив мртовец. Легнувам и станувам со сликата на син ми. Срцето ме боли. Ке одиме до крај, ќе одиме до Стразбур. Секоја вечер плачам, јас сум изгубен човек, вели тажно татко му на Булент.

Погледнете го видеото, каде во целост можете да ги слушнете кажувањата на  адвокатот Лефков  и татко му Сулејман го објаснуваат целиот случај за Булент Ибрахим.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background