(видео) Местото на обвинителите е во судница, а не пред камерите, вели Пауновска
Обвинителката од Вишото обвинителство Гостивар и претендент за шефовското место во Обвинителството за организиран криминал и корупција, Деса Пауновска, вели дека најпрво не мислела да прави програма, но откако нејзините колеги направиле и таа доставила копии до јавните обвинителствата, за колегите ако сакаат да прочитаат и да гласаат на непосредното гласање.
– За сите предмети кои се медиумски покриени, не мора да дава изјава Вилма Русковска. Обвинителството има портпароли и има различни начини. Тој начин на давање изјави по судница, со микрофонот „што мислите вие за пресудата, дали се добри казните или не“, тоа е судска одлука, не се коментира. Некако се претера со таа транспарентност, вели Пауновска.
Запрашана од новинарот Столе Наумов како би поставувала таа, Пауновска рече дека таа би закажувала прес-конференции и никогаш не би зборувала за предмети на нејзините колеги.