(ВИДЕО) Нема консензус за одржување попис, клучно е сите политички чинители да се вклучени во процесот, изјави Иван Јорданов од ВМРО ДПМНЕ

Консензус за одржување на попис не постои, клучно е сите политички чинители да се вклучени во процесот. ВМРО-ДПМНЕ не бара да не се потпише Закон за попис, ниту пак е против пописот, но сомнителни се повеќе работи околу самата операција, изјави за емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, пратеникот на најголемата опозициона партија, Иван Јорданов.

-ВМРО-ДПМНЕ не бара да не се потпише Законот за попис. Никој не е против тоа да има попис во државата и жалам што 20 години не сме собрале сили да спроведеме една ваква операција. Нема консензус за одржување на пописот, клучно е сите политички чинители да се вклучени во процесот. Се предлага попис по скратена постапка. Тоа што не можело да се реши 20 години, сега ќе се реши за три дена. Амандманите кои ги доставивме ние во Собранието не беа во насока на опстуирање, беа со намера да се помогне, вели Јорданов.

Тој додава дека сомнително е тоа што Законот за попис се предлага еден до два месеци пред почетокот на операцијата и вели дека до пратениците не била приложена методологијата на спроведување на пописот, а со самото тоа народните избраници не знаеле за што и какво законско решение треба да изгласаат.

-Сомнително е што Законот за попис се предлага еден до два месеци пред почетокот на пописот. Секогаш е тоа поинаку. Зошто на пратениците не е приложена методологијата на спроведување на пописот? Методологијата ќе била дополнително приложена во Службен весник и ние отпосле би требало да знаеме за какво законско решение се работи. Дополнително, според стандардите на ООН, тие препорачуваат одложување на пописот со оглед на околностите. Многу поразвиени држави од нас го одложија пописот. Нема вакцинација, додека пак Македонија теренски ќе го спроведува попишувањето, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јорданов прашува и зошто не се почитуваат препораките на „Еуростат’, односно зошто ќе се попишуваат државјани, а не резидентно население. Доколку тоа е интенцијата, тогаш попис воопшто не е потребен бидејќи според него со еден клик во МВР можеме да дојдеме до тие податоци, како и во избирачкиот список.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background