(видео) По 3000 евра месечно за ѓубрарина плаќаат училиштата – Општините ги кренаа цените до небо – реагира Коциќ

Во Велес едно училиште за струја плаќа од  40.000 до 60.000 денари, додека за ѓубрарина и собирање отпад и по 3000 евра. Ова во емисијата „Стадион“ го кажа пратеникот од Велес, Ненад Коциќ, кој го изнесе и примерот со загубарот „Колска“, компанија која добива месечна сметка за ѓубрарина од 4000 евра!

-Не сум чул некој да плаќа повеќе за ѓубрарина отколку за струја.  Наместо да пресметуваат надоместок од метар кубен како во 2018 година, општините што ги водат ВМРО ДПМНЕ ја сменија одлука на квадратен метар површина и тие што имаат поголема површина плаќаат огромни сметки. Ова е спротивно на законот. Како пратениците донесовме закон со кој, цената за собирање отпад се дава на одредување на Регулаторната комисија за енергетика. Општинските Совети немаат ингеренција за зголемување на цената.  Тие го злоупотребуваат законот, изјави Коциќ.

Според пратеникот, општинските совети со тоа се прибира, како што рече „ненормална сума, се уништуваат цели фирми за да се направи некоја пара“.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background