(Видео) При издавање на НАТО сертификатите не може да има да има никакво политичко влијание, тврди Петровска
Довербата сеуште е највисока во Армијата во споредба со останатите иституции и најверојатно тоа се должи на обидите за департизација или тргање на политиката од армиските редови што за мене сметам дека е исправна одлука и која во следниот период ќе ја поддржувам, вели министерската за одбрана , Славјанка Петровска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Вели дека граѓаните она што сакаат да го видат е институции кои што се силни, стабилни и институции во кои дневната политика ќе биде тргната настрана.
На новинарско прашање дали сертификатите безбедносност од НАТО се дел од критериумите за унапредување, министерската одговори потврдно и објасни дека тоа е така, затоа што НАТО сертификатот се издава во процедура, кои не ја пропишуваат само домашните институции, туку таа се издава во соработка со структура со дел од НАТО Алијансата. Министерката тврди дека за издавање или не издавање на НАТО сертификатите не може да има да има никакво политичко влијание.
„Постапката за НАТО сертификат одзема повеќе време, се испитуваат сите аспекти на личноста што е потенцијален добитник да речам на НАТО сертификат, дали може или не може со своите делувања, однесувања, контакти и итн., може да го загрози издавањето некоја класифицирана информација која со природата на работата ќе ја добие. Внимателни се, но не значи еднаш добиен сертификат е доживотен сертификат. Службите меѓудругото имаат задача да следат и што се случува, зборам за служби кои што не се дел од НАТО Алијансата и не се дел од нашите безбедносно разузнавачки служби“, изјави министерската за одбрана.
Министерката засега има привремен НАТО безбедносен сертификат за да може да учествува и да биде дел од состаноците на НАТО Алијансата, меѓутоа таа истакна дека поднела барање за НАТО серификат.
Г.Д