(ВИДЕО) Професор Јовановски: Политичарите да ги остават историчарите на мира
Македонските историчари имаат пишувано за многу историски личности, професорот по историја на УКИМ и член мешовитата грчко македонска комисија за историја, археологија и образование Далибор Јовановски го демантираше гостинот во студиото на Канал 77, Љубчо Георгиевски дека македонските историчари за многу личности немаат пишувано.
„Ќе почнам со еден цитат, пишувањата на монографијата за личност како што е Љубомир Милетиќ, воопшто не е едноставна работа. Милетиќ кај нас е познат како научник, професор на софискиот универзитет, славист кој ги собрал и ги запишал сеќавањата на македонските револуционери и
учесниците во ослободителната борба и Илинденското востание. Во соседна Бугарија, Милетиќ е познат како еден од основачите на софискиот универзитет, како еден од основачите и претседател на Бугарската академија на науките, а автор на оваа книга е Далибор Јовановски”, вели Јовановски.
Тој потенцираше дека многу негови колеги имаат истражувано и пишувано за одредени историски личности.
„За Сарафов, колегата Никола Жежов напиша фантастична книга, за Татарчев исто така има напишано книга, за Лозанчев колегата Ванчо Ѓорѓиев напиша книга, ги отворивме сите теми колку и да не ни одговараа. Јас бев изненаден, во Бугарија имаше едно мало книшче за Љубомир Милетиќ и го добив од страна на бугарските колеги, почнав многу да истражувам и разбрав зошто е тоа мало книшче, особено околу потеклото. Презимето на Милетиќ не е ниту македонско, ниту бугарско, туку српско. Неговиот татко првично бил Србин, еден од агентите на поранешниот српски кнез Милош, а
неговиот чичко Светозар,бил српски градоначалник на Нови Сад и тоа голем националист, денеска е многу славен во Војводина како еден од најзначајните српски преродбеници политички личности од средината на 19 век’, раскажува Јовановски.
Тој вели дека балканската историја е помешана, премногу е измешана, идентитетите на Балканот се развиваат некои порано, некои подоцна.
„Сите историчари не криеме дека нашиот идентитет, нашата преродба е малку подоцна развиена. Нацијата се појави малку подоцна во однос на другите. Меѓутоа во последните 10 до 15 години многу теми се отворени. Точно е дека има прашања за кои се уште доволно не се разговара, но
конкретно за четниците се има пишувано”, вели Јовановски. Тој како историчар смета дека историчарите меѓусебно соработуваат, дискутираат и работат, но кога на другата страна не и одговара читањето на документите, односно само како што неа и одговара резултатите ќе
бидат такви какви што се“, вели Јовановски.
„Се обидуваме да ги користиме искуствата на другите, конкретно Германците и Французите по скоро пола век сериозни дебати и разговори стигнаа до една заедничка книга, многумина не спомнуваат дека и во време на нацистичка Германија, Франција работеа на историските прашања затоа
што таа т.е Голема војна потоа ќе биде позната како Прва светска војна, не успеаа да стигнат до одредени резултати. Процесот на приближување помеѓу земјите каде што имало проблеми е тежок, ние може да сакаме да направиме многу меѓутоа ако другата страна тоа не сака да го направи,
резултатите ќе бидат лоши, тешки за нас, но перспективно и за нив”, вели Јовановски.
Погоре наведената теза ја појаснува со 3 –ти Март кога се славеше националниот празник на Бугарија.
„Господинот Каракачанов изјави многу непристојно во негов стил, честитка и на Бугарите од Македонија, односно Македонците посебни честитки до тие граѓани. Како тоа влијае на односите, сепак Каракачанов не само што е претседател на тамошното ВМРО, туку е и министер за одбрана. Но ако си историчар, но од оние историчари кои не сакаат да ја слушнат другата страна, тогаш тоа е во ред, но кога си политичар треба да се внимава многу со изјавите”, вели Јовановски. Цело време ни се импутира дека ние сме направиле вака или така, а Константин Стоилов министер за надворешни работи во Владата во Софија во 1883 година, во автономна Бугарија, не независна, ја прави првата Национална програма, а Национална програме се прави кога имаш држава, а
претходно се програми на Комитети“, вели Јовановски.
Јовановски вели можат и тие и ние да вадат илјадници документи со кои ќе докажуваме до бескрај, меѓутоа некој во Европа нема никаков проблем со тоа дали другиот смета лично, што другиот смета, или тој народ смета дека е негова припадност тоа што припаѓа на некој друг народ. Политичарите имаат право што сакаат да кажат, тоа е легитимно нивно право, имаат право и ако сакаат да вршат притисок, меѓутоа работите на Комисиите, историчарите помеѓу оние држави каде што има проблем е многу сложен и тежок процес, вели Јовановски.