(видео) Ременски: Добро да се размисли кога и зошто се креира судскиот фатаморгана случај
Во партијата не сум од вчера и воопшто не мислам дека е продуктивна дебата за Меѓународен сојуз, Фросина Ременски и СДСМ. Тоа го сметам како пропагандно субверзивно делување, рече во емисијата Стадион, Фросина Ременски, која ја поднесе својата кандидатура за претседател на партијата.
-Да го вратиме возот на победничките шини. Имаме повеќе време до 2024 година до следните Парламентарни избори да ги коригираме сите грешки ни се ставаат на товар од страна на членовите и граѓаните и да создадеме атмосфера на победа, а не атмосфера до 2006 кога се создадоа фракции. Не верувам дека тоа би бил пожелен процес, ако не се создаде единство, вели Ременски.
-За мене вистинско обединување е гестот што би се направил дали и колку сме спремни како другари во партијата да си подадеме рака – во смисла да подадеме рака на Максим Димитриевски, на сите кои имаат несогласување со партијата и затоа една од темите од мојата програма е решавање на внатрепартиските конфликти и создавање на процедури на внатрепартиска дебата од која никој нема да излезе незадоволен, кажа Фросина Ременски.