ВИДЕО: Татко глуми дека е Дедо Мраз за да ги дознае желбите на ќеркичката
Компаниите бараат различни начини за да пратат празнична порака и да ја искористат празничната еуфорија на свој начин. А во „Bouygues Telecom“ се сетиле на една одлична идеја за празнична реклама. Ќе ве насмее додека ве разнежнува.
Главна улога во видеото е еден татко кој со денови и во разни ситуации глуми дека е Дедо Мраз за да ги дознае новогодишните желби на својата ќеркичка.
Малото девојче постојано му се јавува на телефон, а тој ниту еднаш не пропушта да одговори на повиците. Притоа, не е важно дали е во автобус, на деловен состанок или треба да излезе на снегот по куси ракави, на пример.
„Најубавите подароци се оние кои ги споделуваме!“ – потсетува француската компанија на крајот од видеото.