(Видео) Тоа што нас ни го прават соседите, сега го прави Русија на Украина само со војна, вели Ковачки
Треба да се водиме од меѓународното право и од македонскиот национален интерес кој треба да е примарен, кој треба да биде дефиниран. Во првиот случај имате агресија врз суверена незавсина држава членка на ООН од страна на друга држава тука има кршење на повелбата на ООН има обиди за историски ревизионизам што никому не носи добро и од тоа ќе страда Украина, ќе страда и Русија, вели актуелниот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Драги Ковачки. во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Во однос на моменталната состојба и руската воена агресија врз Украина, како тоа би се одразило на Македонија, Ковачки смета дека како мала држава треба да се држиме до принципите на меѓународното право.
„Што се однесува до македонскиот интерес, ние како мала држава според мене членка на ООН треба да се држиме до принципите на меѓународното право, затоа што тоа е единствен механизам за заштита на помалите од поголемите. Јас лично сочувстувам со Украина , затоа што Македонија споделува многу блиска судбина како и Украина. И нас ни се оспорува инентитетот, правото на самоопределување, членување на организации по сопствен избор и итн. Тоа се случува од некој кој е посилен од нас и посилниот се обидува да ја наметне својата волја на послабиот. Сега во случајов, тоа што нас ни го прават соседите го прави Русија на Украина само со други средства, односно со војна“, вели Ковачки.
Тој вели дека лично сочувстува со Украина, затоа што појаснува кога беше воениот конфликт во 2001 година, Украина беше таа која ни помогна со оружје, јас знам што значи војна, разурнување на човечки животи, знам што значи кога мајка го чека својот син, сопругата го чека сопругот, децата го чекаат таткото за кој не знаат ни дали ќе се врати. Затоа според мене воените дејства треба итно да запрат и да бидат осудени, мислам дека мора да напредуваме како цивлизација да се држиме до повелбата на ООН, односно секогаш да се избегнуваат тие методи на сила и да се бараат дипломатски решенија преку разговори за меѓународна соработка за надминување на проблемите, изјави Ковачки.
Со осврт Ковачки и кон односнот помеѓу Македонија и НАТО.
„Со влезот во НАТО не значи дека ние ќе го користиме тој безбедосен чадор, на некој начин и обврска кон Алијансата , тука пред се мислам во споделување на учеството на носење на одлуките како и споделување на одговорноста. Но подразбира и преземање на мерки за подобрување на условите за функционирање на Армијата и одржување на соодветното ниво на борбена готовност. Во членот 3 од НАТО договорот точно е предвидено дека секоја земја членка е должна да изгради сопствени капацитети за отпорност на кризи, вооружени напади и итн. Како земја членка ние имаме обврска и кон НАТО затоа што таму сме последни по воена моќ“, изјави Ковачки.
Зборуваше и за партизацијата во редовите на Министерството за одбрана, како и условите на македонската Армија.
„Во Министерството за обрана партизираноста е главна одлика, вие од вкупно 18 позиции раковидни колку што вкупно ги има дури на 11 места има дуплирање има поставено по две лица на едно место, тука станува збор за типичен пример на партизација, но и злоупотреба на службената моќ од страна на министерот за одбрана. Не велам дека ова го направила сегашната министерка, бидејќи ова се влече и од претходната министерка Радмила Шекеринска. Две лица земаат плата од едно работно место. Има и други појави што мене ме загрижуваат етнички и други видови на дискриминации, за што има потврди од релевантни државни органи за овие работи . Катастрофалните услови во АРМ покажуваат за несподобноста и лимитираноста на досегашната министерка, која што не одговори на прашањето што јаде војската кога го отворивме прашањето за сомнителното место, истечени се договорите за набавка на леб, вода. На одредени релации војската нема организиран превоз, нема нови договори истите требало да бидат склучени на претходната министерка Шекеринска која очигледно тоа не ја интересирало. Има тотална негрижа и нехуман однос за војниците кои наполните 40 години кои се оставени на цедило од системот. Според мене министерската Петровска ќе мора да излезе од матрицата и да се огради од министерската Шекеринска, доколку тоа не го направи значи ја поддржува“, изјави Ковачки.
Г.Д