(видео) Хоџа: Даваме поддршка на уставните измени, иако очекувавме и укинување на 20-те отсто за јазикот

Излегувањето на потпретседателот и поранешен министер за земјоделство Аријанит Хоџа од Беса и најавата дека ќе формира нов политички субјект бил пријателска и како што вели, си подале рака со лидерот Билал Касами. Идниот политички субјект веќе има еден пратеник во Собранието, во името на Басри Бајрами, со кого заедно влегоа во формирањето на партијата.

Хоџа, во краткото интервју за „Стадион“ на Канал 77 демантира дека мотивот за излегувањето од Беса е потенцијалното губење на позициите во партијата, доколку кон неа се приклучат „Огнените“ од ДУИ.

-Едно да се знае – во моите разговори со Касами не е разговарано за поделби и позиции, туку за тоа што имаме различно убедување. Ако се докаже ова како точно, покажува колку лесно партијата би се откажала од сопствената структура во Изборните единици  1 и 2 , затоа што тоа би му наштетило дополно на партијата Беса, рече Касами.

Од понеделник, како што најави Хоџа, ќе се состане координативното тело за формирање на партијата и да ги разгледа динамиката, името, моментот кога ќе почне собирањето на потписи за се официјализира партијата. Во следните денови, како што најави, ќе почнат да излегуваат интересни имиња кои ја дела нивната идеологија.

-Во наредни 10 дена ќе имаме изненадувачки вести и ќе објавуваме кој како се приклучува. До овој момент се фокусира како да го окрупнуваме со тие што мислат како нас во делот на оваа политичка формација. Позитивно сум изненаден што има многу незадоволни од другите политички партии што го делат истото мислење како нас и се јавуваат да се приклучат, кажа Хоџа.

Овој нов субјект во формирање веќе има еден пратеник, кој ќе гласа за уставните измени, иако како што вели Хоџа, добро ќе беше во овој предлог да влезеше и бришење на укинат 20-те отсто, кои се однесуваат на албанскиот јазик во Уставот. Но, како што кажа Аријанит Хоџа, оваа иницијатива ги застапува европските вредности, европскиот пат на државата и секој што така размислува е нивен сојузник.

-Било кој политички фронт, кој ќе освои гласови во име на европската перспектива на државата е единствен гарант за иднината на државата, политички блок со европска перспектива– се’ друго е оставање на државата во раце на поединци, кои ќе ја вратат назад државата и губење на европската перспектива, смета Хоџа.

На прашањето дали, во овој случај би влегле во коалиција на ДУИ, СДСМ и Алијанса, ако направат таков ЕУ блок, Хоџа вели дека сега се’ би било хипотетички и не по секоја цена да бидат во некоја групација, туку да бидат квалитативни претставници во тоа што го претставуваат – а тоа е европската перспектива на државата.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background