(Видео) Црквата не е дневна политика, вели професорот Милан Ѓорѓевиќ
Нашата црква МПЦ Охридска архиепископија е наследничка на Охридската патријаршија, кажа во емисијата „Стадион“ професор Милан Ѓорѓевиќ од Богословскиот факултет. За полемиките чии се светците како Климент Охридски, Ѓорѓевиќ објаснува во кои рамки треба да се гледаат овие личности од минатото.
Според него, религијата не може да се стави како секундарен ресурс, светоста на секој светител е универзална. Тој светител може да се стави во некои рамки како каде делувал, но тој е светител на целата црква божја.
-Религијата, црквата треба да најде начин и да не’ обедини и да биде достоинствен на Христа, кого го прославуваме. Со така поставените работи може да се излезе на крај со сите прашања, вели Милан Ѓорѓевиќ.
Во „Стадион“ професор Ѓорѓевиќ зборува и за состојбите во православните цркви од аспект на МПЦ, како и за активната и интензивна црковна политика.