ВИДЕО: DS Collective праќаат музичка порака нa знаковен јазик

“Кога зборот станува мелодија, тогаш знакот станува танц” – ова е главниот фокус на новиот видео спот на соработката на”DS Collective” со Alex V, за темата “Свет”.

“Кореографијата во видеото впрочем е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние кои “слушаат со очите”. Барем на момент да почувствуваме дека зборовите за ушите се истото она што и знаците за очите.” – вели Стефан Сајковски DS Collective.

Кореографијата e на Јована Зајкова. Таа ја има и главната улога во видеото.

На видео реализацијата се потпишува Бобан Костоваки и The Media.

Патем, Стефан пред неколку месеци го промовираше својот деби албум со 13 песни и му стави име  “Јас сум, ние сме”. Парчето “Свет” е дел од него.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background