Габриела Кулебанова: Банките да бидат солидарни со граѓаните и бизнисмените во кризата (видео)

Според потпретседателката на Соузот на стопански комори на Македонија банките треба да покажат поголемо чувство за кризата и да бидат свесни дека големите профити што ги правеа изминативе години не се возможни ако стопснството колабира. Банките треба да овозможат одложување на плаќањето на обврските за граѓаните и за бизнисот не само за три месеци туку до крјаот на годината.

– Ние донесовме заклучок во комората нашите членки да се воздржуваат од отпуштање на работници. Истовремено бараме од министерот з аекономија и владата д а бидат похрабри, побрзи и поодлучни  во носењето на мерките за помош на бизнисот- вели Кулебанова во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background