Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите – Туширањето со ладна вода нуди низа придобивки

Туширањето со ладна вода претставува еден вид хидротерапија, која овозможува бројни здравствени придобивки. Ладната вода го зајакнува иминутетот, на тој начин што го поттикнува создавањето бели крвни зрнца, кои пак, се одговорни за отпорноста на организмот – советуваат експертите.

Слабеењето е само една од придобивките кои се овозможуваат со туширањето со ладна вода, зашто со неа се забрзува метаблизмот  и со тоа се поттикнува согорувањето на масните келии. Ладната вода покрај ова, ја затегнува кожата, а придонесува и за поголем сјај на косата. Во едно истражување од 2009 година, изложувањето на ниски температури довело до 15 пати поголема активација на кафеавото масно ткиво кај 23 од 24 учесници во истражувањето, што значи дека само со туширање со ладна вода може да се изгубат и до пет килограми за една година.

Со ладната вода се доаѓа до длабоко дишење, што пак е важно за справување со стресот. Со ова, би можеле полесно да се справите со исцрпеноста. Ладната вода впрочем, ја ублажува депресијата бидејќи помага при создавањето на хормонот норадреналин, а токму тоа е хормонот кој ја „убива“ депресијата.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background