Граѓаните укажуваат дека има корупција во издавањето на инвалидски пензии, но не пријавуваат (видео)

Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување доаѓаат граѓани со тврдења дека им било барано пари од Комисијата за издавање на инвалидсски пензии, но кога инсистираме да пријават и официјално да го документираме случајот, се повлекуваат. Ние работиме на основа на докази, вели Јадранка Јовановска, раководител во ПИОМ. Се размислува една комисија за инвалидност да ги решава сите вакви прашања. Ваква комисија успешно работи во Хрватска, изјави Јовановска во емисијата Стадион на Канал 77, каде се зборуваше за корупцијата во издавањето на инвалидски пензии и случајот „Метастаза”, која лекари, челнови на комисии, вработени во ПИОМ и корисници беа осудени за незаконско давање и посредување со пензии.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background