Дединец од МАНУ: Енергетската криза не’ изненади

Електрична енергија има, но е многу поскапа. Ако во јануари цената се движеше меѓу 24 и 40 евра за Мегават час, во октомври порасна на 100-200 евра, рече во емисијата Стадион на Канал 77, Александар Дединец од МАНУ. Дединец направи анализа на факторите за кризата, пти што се наврати на состојбата со енергијата во периодот од почетокот на годината па до сега.

-Во Европа беше многу подолга зимата, и покрај тоа што гасот е втор енергенс, Европа неспремно ги потроши резервите. Лани во јануари резервите изнесуваа 95%,  сега се на 75%  проценти резерви на природен гас. Имаме најниско ветерна производство, најниска хидрологија. Зголемен е данок на CO2, со цел да се намалат стакленички гасови од 15-20 евра, сега е на 60-70 евра. Сите елементи заедно доведуваат до оваа состојба. Во април цената на гасот беше 20 евра за Мегават час, додека во октомври порасна на 90-100 евра, рече Дединец.

Според него, електрична енергија има, само е многу поскапа.

-Во јануари беше нетипична цена. Лани била многу ниска цената, затоа што имало многу помала побарувачка, но почна да се обновува економијата (се’ е поврзано, интегриран е системот). Дополнително имаше и поплава на рудниците со јаглен, кажа Дединец.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background