Децата на Вилијам и Кејт Мидлтон не одат на училиште, стравот од корона вирусот не го одмина и кралското семејство

Приватното училиште во кое одат Шринцот Џорџ и принцезата Шарлот ги испрати учениците дома, поради сомневање за корона вирусот.  Дејли Меил пишува дека се чекаат наоди за четири ученика .

“Како и сите училишта,  потенцијалното ширење на корона вирусот го сваќаме сериозно. Ги седиме владините совети за превентивно делување. Во моментов имаме многу малку ученици кои се тестирани и тие по упатствата на Владата остануваат дома се додека не се добијат резултатите од  анализите Сите родители се информирани и редовно комуницираме со нашата школска заедница  за да бидеме сигурни дека се упатени во важните информации“,  изјавиле одговорните од училиштето во кое учат и децата на Вилијам и Кејт Мидлтон.

Принцот Џорџ во училиште тргна во 2017 година а Шарлот минатата година.

Фото: insider.com


Во етер
Наслов
Изведувач

Background