Домашен рецепт за подобра столица
Имате проблем со нередовна столица? Можеби немате, но би сакале да имате малку поцелосно празнење и убаво да ги исчистите цревата.
Ова е многу едноставен рецепт, токму за оваа проблематика. Потребни ви се ленено семе, сусам, вода и малку добра волја.
Потребни состојки:
4 супени лажици сирово ленено семе
1 супена лажица сусам
200 мл вода.
Постапка:
Измешајте ги сите состојки и почекајте 10-15 минути. Ќе забележите дека семето за многу кратко време ќе започне да испушта слуз а мешавината набрзо ќе започне да набубрува. Додадете уште малку вода за да биде потечно, па испијте 2-3 голтки
Постојано во текот на денот додавајте вода за да не згусна премногу, промешајте и испијте 2-3 голтки.
Најдобро е да започнете веднаш наутро штом ќе станете од спиење, да продолжите во текот на денот, пред и после оброците, а да завршите со остатокот навечер.
Или пак, можете да ја поделите смесата на два дела, па едниот дел да го испиете наутро, а вториот навечер.
Или пак, смесата можете да ја испиете во повеќе наврати, пред спиење.
Оваа смеса одлично ќе делува врз целиот ваш организам. Семето ќе ја повлече целата заостаната содржина од вашите црева и полека ќе ја поправи вашата дигестија. На тој начин ќе ви овозможи редовна и целосна столица.
Дејство:
Дејството на ова средство обично започнува следниот ден, во зависност од вашата зачепеност. Сепак, бидете упорни доколку не започне да делува веднаш кај вас – продолжете да го консумирате и следните денови.
Важно: Ако долго време сте имале опстипација и очекувате голем екскремент, пожелно е во овие денови на празнење да пиете по една лажица рицинус, за да не го повредите сфинктерот.
Азиски искуства: интензивната употреба на лененото семе значително ја превенира појавата на рак.
Извор: www.nmd.mk