Домашни маски за совршено здрава коса
Доколку имате проблем со опаѓање на косата или пак со оштетена коса, имајте на ум дека можете сами да си подготвите домашни, природни маски на база на јајце кои имаат одлична моќ на превенција и регенерација.
Маска против опаѓање на коса
Жолчката од две јајца изматете ја, а потоа додадете една лажичка маслиново масло. Мешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа нанесете ја смесата на скалпот во тенок слој. Оставете да делува околу 20 минути до половина час, а потоа измијте ја косата со шампон. Доколку го масирате скалпот со ваквата маска секојдневно, можете да сторите многу во процесот на „борба“ со опаѓање на косата.
Маска за оштетена коса
Земете две жолчки од јајце и убаво изматете ги. Потоа додадете три лажици маслиново масло и три лажици мед. Измешајте добро додека смесата не се изедначи. Со смесата измасирајте го скалпот, нанесете на коренот, па продолжете кон врвовите на косата. Потоа свиткајте ја косата во пешкир или пак ставете капа за туширање и оставете да се исуши околу половина час. Измијте ја косата со шампон, со млака вода. Повторувајте ја оваа постапка на секои три седмици или пак барем еднаш месечно, за да имате сјајна и цврста коса.