Дома славиме 25 мај и имаме икони со Тито, вели писателот Зоран Спасов Зоф

Ние имаме изгубени генерации што престанаа да читаат во транзицијата и сега обидот е народот да почне да чита од најнизок левел, од текстче или нешто така, а читањето реално се враќа, вели македонскиот писател Зоран Спасов Зоф, чија последна книга „Џабе живиш у Скопје“ како што вели тој е „оддолжување на Скопје и скопскиот дијалект и хумор“, откако претходно со своите хит-романи „Торонто експрес“ и „Тито мојот претпоследен херој“ им се оддолжил на Торонто и на Тито.

За своите книги Спасов вели дека скоро сите се различни и не се смета за некаков писател, туку единствено се води од два лајт мотиви – емоција и хумор.

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Спасов зборуваше за списанието „Огласник М“, но и за спектакуларното шоу „Џандар збира“ за кое вика дека одговорите на прашањата на квизот му биле разочарување, зашто луѓето губеле коли на банални прашања од општа култура.

– Кај нас „фелерот“ е во главата, не е во општеството. Во Канада стануваш подобар македонец. Стереотипи имаше, но после си ги прифаќаш. За мене Канада е број еден во светот, целото здравство, школство, судство е една реплика на југословенското. Таму никој не знае кој е на власт, кои се политичките партии, никој не го интересира. Самото општество те турка напред, уште од мал сакаат да направат од тебе добар човек, па потоа во тинејџерските години да направат од тебе добар возрасен човек, рече Спасов меѓудругото сумирано од неговото живеење во Канада и зборувајќи за инспирацијата за неговиот роман „Торонто експрес“.

За книгата „Тито мојот претпоследен херој“ вели дека му е драго што постигна голема читаност и што ја читаат и млади луѓе, кои воопшто и немале допир со времето на Тито.
Интересно е што откако слушател напомена, Спасов кажа дека неговата домашна слава е Св. Тито.

– Пошто сум атеист мораше да земам некоја слава. Пред некои 10 -ина години го беатифициравме Тито и сега имаме икони со Тито и тоа е слава. Имаме и „дрескод“ за славата, мора да се дојде во бела кошула и маица. Секој 25. мај доаѓаат луѓе и тоа прераснува во една добра журка и има ненормална позитивна енергија, вели Спасов.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background