До Финска стигна ФМ сигналот на Канал 77

„Ви пишувам, затоа што ја слушнав вашата радио станица Канал 77 овде во Финска, во Пори. Многу би ценел да ја добијам вашата потврда за мојот прием“. Вака почнува писмото што го добивме од 53-годишниот Тимо Климоф од Финска, вљубеник во радиото, чие хоби е радиоаматерството и слушање радио. Како што пишува Климоф, Канал 77 го слушал на 89,70 MHz, на 19 јуни, во 11:22 часот по македонско време.

„Како доказ дека ја слушнав вашата станица, приложувам кратка MP3 снимка од преносот што го слушнав“, ни напиша Климоф.

Она што го слушна нашиот нов пријател од Финска, е природен феномен, многу добро познат на радиоаматерите и радиодифузерите, што и самиот го објаснува.

„Во текот на летото се случува специјално радио ширење, кое понекогаш рефлектира сигнали од Македонија до Финска. Слушањето на вашата станица беше толку неверојатно искуство за мене“, пишува Финецот Климоф, кој цели 42 години ја негува љубовта кон радиото и радиоамтерството.

И нам ни беше големо задоволство што се слушаме кај нашите далечни пријатели, преку ФМ сигнал, којшто е технички поставен да се следи на територијата на Македонија, а ги покрива и териториите блиску вон границите на територијата на нашите соседни земји – Бугарија, Грција, Србија, Косово и Албанија.

Доказ дека комуникацијата и пријателството немаат граници и прават чуда.

Во етер
Наслов
Изведувач

Background