ДУПЕР најавија промена во составот и извадија нова песна

Кусо откако и официјално најавија промена во својот состав, дечките од ДУПЕР ја објавија последната песна на која се потпишува триото кое се прослави со „Не сум твој тип“.

Кога се „шушна“ дека Мартина веќе нема да биде дел од екипата, фановите тргнаа со коментари и претпоставки за тоа што се случило. Меѓу нив имаше и такви кои помислија дека станува збор за маркетингшки трик со кој се обидуваат да го свртат вниманието кон себе и новите музички приказни на ДУПЕР. Во меѓувреме, на официјалната фан страница, направија промена на боите кои беа за нив препознатливи. Виолетовата во моментов не е дел од нивното визуелно претставување.

Вака „реагираше“ Мартина Баракоска на Фејсбук:

Дел од фановите уште не се откажуваат од идејата дека станува збор за начин на кој сакаат да добијат на публицитет, други веќе ја прифаќаат најавената промена во составот како факт.

Во меѓувреме, и едните и другите, го преслушуваат новото парче, кое за неполни 24 часа, на Youtube достигна 34 илјади прегледи.

 

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background