ЕКСКЛУЗИВНО-Николоски: Заев му го даде рудникот Иловица на Бојко Борисов(ВИДЕО)

Во текот на 2019 година со дозвола на Комисија за заштита на конкуренција сопственикот на рудникот Иловица,  компанијата Еуромакс е продадена на сомнителна фирма од Кајмански острови, Галена рисорсeс еквитит лимитид (Галена асетс менаџмeнт), изјави во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, потпретседателот на Вмро Дпмне, Александар Николоски.

Според него новиот директор на рудникот Иван Вутов  е син на Цоло Вутов, еден од најбогатите луѓе во Бугарија, близок на премиерот Бојко Борисов. Галена е доминантен сопственик на Иловица со 53 проценти, а доминантен сопственик на Галена е токму бизнисменот, таткото Вутов..

– Ова случајно или намерно се случува паралелно со одлуките на Вишиот управен суд во корист на рудникот Иловица, да  ја врати работата од почеток со цел таму во струмичко да има рудник и да се копа руда. Нели Заев беше против градење на рудник во тој регион – прашува Николоски и додава дека во зградата на Кајманските острови каде што е регистриран новиот сопственик на Иловица има уште 22 000 регистрирани компании.

– За оваа зграда весникот Дејли мејл пишува дека поранешниот американски претседател Барак Обама  сугерирал оти куќата симболизира нешто погрешно за даночните раеви и дека се работи за најголема шема на перење пари односно избегнување на данок во светот – потенцираше Николоски.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background