Енрике и Ана го покажаа бебето, среќниот татко присуствувал на породувањето

„Моето сонце „  напиша на својот Инстаграм профил музичката ѕвезда Енрике Иглесијас и  за прв пат ја покажа сликата од неговото трето дете, кое се роди на 30ти минатиот месец во бракот со поранешната тенисерка Ана Курњикова.  До пред неколку дена тие криеја дека им се проширило семејството а доцна вчера со објавување на фотографиите и ја потврдија веста за бебето, а медиумите според бојата на капчето претпоставија дека добиле ќерка.

Енрике со бебето, за кое се претпоставува дека е ќерка

Она што особено ги запали фановите на згодниот татко е што, според фотографиите, тој присуствувал на породувањето, за што доби комплименти и пораки со честитки од целиот свет.

Енрике и Ана со години се во врска и во бракот имаат близнаци, кои се родија кон крајот на 2017 година.

 Ана веднаш по породувањето


Во етер
Наслов
Изведувач

Background