Здравството во источна Македонија си турка според онаа народната-Да имаш, па да немаш
Здравствените домови во поголем дел од општините од источна Македонија,кубурат со лекари специјалисти…Тие стануваат ,,бело злато,,за жителите од овој крај.Ниту нови закони, ниту нови мерки не можат да ги задржат во земјава . . .
Доне Јовановски од Саса, Македонска Каменица го затекнавме во една од специјалистичките ординации во Штип.Во Македонска Каменица нема интернисти па тој бил принуден својата сопруга и ќерка да ги донесе во Штип на специјалистички прегледи.Имаме само матични лекари ,вели Доне.
,,. . Дојдени сме на преглед на интернист.Немаме интернист во Македонска Каменица,немаме никаков специјалист,само матични лекари“ .
Со Доне беше и неговата сопруга, но и неговата ќерка.
,,Кај нас нема интернист,не доаѓа,па мораме се’ настрана да одиме.Треба и кај нас да има.Вака сме принудени да одиме настрана, по другите градови.Подобро ќе биде за нас да не патуваме.Поради тоа што имав потреба прво морав да одам на специјалист во Велес па од таму во Штип.“
Интернист нема ниту во Пехчево.
,,Јагода Шахпанска кога стана пратеничка, си замина.Таа ни беше интернист.Сега интернисти ни доаѓаат од Делчево,еднаш,двапати во неделата,работат до 17,18 часот“,вели нашата соговорничка со која што разговаравме во Пехчево.
И ТАМУ КАДЕ ШТО СЕГА СПЕЦИЈАЛИСТИ ИМА ДОВОЛНО ,НАСКОРО ЌЕ НЕМА
Здраствените домови во поголем дел од општините од источна Македонија,кубурат со лекари специјалисти а и таму каде што сега ги има ,поради заминување во пензија ќе останат без соодветна замена,затоа што лекарите веќе испратени на специјализација или имаат уште за заокружување на специјализацијата или пак нивната специјализација не соодветствува на потребите што ги имаат Здраствените домови.Таков е случајот со Здраствениот дом во Делчево.
,,Моментално во Здраствениот дом,специјалистички кадар имаме доволно,речиси по сите специјалности, по ОРЛ, очна,имаме специјалист по радиодијагностика, по школска медицина.Имаме и специјализанти за радиодијагностика, по очна и на вонболничка педијатрија.Меѓутоа за неколку години,да речеме за 2-3 години ,ќе се соочиме со проблем затоа што целиот специјалистички кадар освен психијатарот . се од 58 до 63-63 години а специјализирањето е просечно од 6-7 години.Тоа значи за тие неколку години, ќе дојдеме во ситуација да го изгубиме целиот кадар со кој што моментално располагаме „- образложува директорката на делчевскиот Здраствен дом,Марија Глигоровска.
Со проблем околу обезбедување на лекари се соочува и Здраствениот дом во Берово.Огласот за вработување на нови лекари,долго стои отворен.Конечно по еден од огласите за примање на двајца лекари реализирано е едно вработување,вели директорот Тодор Кацарски.
,,Интернистот ни е на боледување, значи ни недостасуваат интеренистички доктори.Ангажирани се од соседната општина Делчево двајца специјалисти кои што доаѓаат трипати во неделата.Имаме на специјализација интренист кој што со специјализацијата ќе заврши на крајот на 2019.Имаме специјализант и по кардиолоѓија,втора година.Од мај идната година во пензија заминува специјалист за претшколска и школска медицина, па проблем ќе биде вакцинацијата на децата ,што е во рамките на оваа специјализација“,вели Кацарски.
НЕВЛАДИНИТЕ ИСТРАЖУВААТ И ПРЕДУПРЕДУВААТ-СИТЕ ИМААТ ЕДНАКВО ПРАВО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Достапноста на здравствената заштита на жителите од источниот дел на Македонија беше тема на истражување и на невладината ИНИ.Оваа истражување говори дека Истокот се соочува со голем проблем и недостаток на лекари, па и покрај најавените мерки за надминување на состојбата, ќе треба време истиот да се надмине.
,,Сите здравствени домови се наоѓаат во критична фаза.Во Здравствениот дом имаме континуирано намалување на бројот на лекари , по пет лекари годишно кои заминуваат по разни основи во периодот од 2015-2017 г.критична е состојбата и во Пробиштип, но од друга страна ако ја земеме општина Кочани има само 60 вработени здравствени професионалци што опфаќа двапати повеќе во однос на Делчево,а Берово и Делчево имаат многу помалку население.Мора да се инкорпорира и да направиме една анализа која ќе биде во корист на сите и на здраствените работници и на Министерството за здравство,за да имаме еднаква распределба согласно населението и потребите.Да имаме соодветна достапна на здравствената заштита на локално ниво за да можат граѓаните реално да ги уживаат здравствените права а не само декларативно“-вели Зоран Биковски,дипломиран социолог истражувач.
Една од причините за состојбата во која што се наоѓа македонското здравство,во случајов во источниот дел на Македонија е резултат на несоодветно водената здравствена политика.Некои општини ги снајде онаа народната,,Да имаш па да немаш,да се види како е“, вели штипскиот интернист Златко Стојменов.
,,За пациентите тоа е неприлика,затоа што треба долго да патуваат, да чекаат на соодветно време на ,,Мој термин “,иако пред некое време ги имале некои од тие специјалисти.Сметам дека во центарот на се ’ е лошата политика на здраствените домови во истокот,кои не воделе сметка на репродукцијата на кадрите,соодветно, навремено праќање на специјализација тука и Министертсвото за здравство во минатото имало своја грешна политика,бидејќи не водело сметка за оваа природна репродукција на кадарот.Мислам дека таквата политика продолжува и сега,со премногу бирократија во одењето на специјализација“,смета д-р Стојменов
Дека е водена несоодветна здравствена политика се согласува и директорката на Здраствениот дом ,Делчево.Овој проблем тешко ќе се надмине, вели Глигоровска
,,Години наназад не е пратен на време кадар да се дообучува, да се доспецијализира, да специјализира,така да сега немаме многу можности и избор.Се соочуваат и Клиниките со проблем,немаат доволно ментори и поради тоа не ни дозволуваат да праќаме на специјализација,затоа што нема кој да го обучува тој кадар што го праќаме„
НЕОСТАТОКОТ НА СЕПЦИЈАЛИСТИ ТАМУ КАДЕ ШТО ГИ НЕМА ,ЌЕ СЕ ПРАЌААТ ОД ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА
Престојување на лекари специјалисти од штипската клиничка болница, неколку дена во неделата за Министерот за здраство Зенко Филипче, засега е ад-хок решение на проблемот со недостаток со лекари-специјалисти во истокот.
,,Го разработуваме механизмот по кој докторите од штипската клиничка болница на неколку дена да престојуваат во Здраствените домови во општините блиску до Штип.На тој начин пациентите нема да мора да патуваат до Штип или во Скопје,значи да ја добијат услугата таму каде што треба„
Ад-хок решенијата нема да го решат проблемот со недостатокот на белите мантили. Пратеничката Јагода Шахпанска и самата лекар, која што влегувајќи во политиката го остави Пехчево без лекар-интернист,вели дека се преземаат низа мерки во прилог на задржување на лекарите во Македонија.
„Во буџетот за 2019 година планирани се буџетски средства и платата на лекарите специјалисти се зголемува за 10% а за сите други останати вработени во здравството 5% и тоа ќе биде со септемвриската плата.Од друга страна веќе една година има зголемување на надоместокот за дежурство.Како една од мерките е и кофинансираните специјализации што како мерка која што стимулира да останат докторите во Македонија,зошто со кофинансираната специјализација докторите кои што ја завршуваат својата специјализација имаат обврска и да одработат, толкав период колку што трае нивната кофинансирана специјализација во јавното здраство.Значи целта е не да се слабее приватното туку пред се да се јакне јавното здравство кое што е достапно на сите осигуреници.Се најавува и уште една мерка.Во Собраниска процедура се наоѓа измена на законот за здравствена заштита која што предвидува да се преземаат здраствени работници пред се доктори но и друг персонал од приватното во јавното здравство.“образложи Шахпанска.
Шахпанска вели дека имало интерес за оваа мерка која што е предвидена во измените на законот за здравствена заштита.За резултатите од мерките,добри или лоши ќе треба да помине време,во меѓувреме белите мантили секој ден ,масовно заминуваат од Македонија.Според пациентите и еден од нашите соговорници платата е единствената причина што си заминуваат од земјата.Колку и да се зголеми платата, таму некаде надвор од Македонија таа е многу поголема.
,,Избегаа,не се платени.Секој заминува за подобар живот, за повеќе пари.Секој си го гледа своето,каде се подобро платени, таму си заминуваат„ . .
Без разлика која е причината за дефицитот на лекари во источниот дел на Македонија факт е дека тие стануваат ,,бело злато,, за жителите од овој крај.Младите заминуваат од државата, населението старее, па потребата од белите мантили е се понеопходна. И како што вели доктор Златко Стојмнов е сега ја живееме онаа народната мудрост,,Да се има ,па да се нема“.
Текстот е дел од проектот „Македонија не е само Скопје“, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.