Играл кошарка, а друг спорт му ги отовори вратите – Дејан Георгиевски е висок 199 сантиметри

Олимпијецот Дејан Георгиевски кој од Летните Олимписки Игри во Токио се врати со сребрен медал, денес беше гостин во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77, каде рече дека од оваа гледна точка во однос со борбата со русинот Ларин можел и подобро. Додава дека би се борел во теквондо исто како и тогаш, но би ја променил тактиката и стратегијата сега кога веќе знаат кои се предностите и маните.

Георгеивски е висок 199 сантиметри, со таа негова висина вели дека на почетокот имал амбиции кон кошарката, но потоа тие спортски амбиции се промениле и почнал да тренира теквондо заедно со неговиот брат и сестра. Почетоците биле во 2008 година, и веќе 13 години е во овој спорт.

Дејан зборуваше дека теквондото е спорт во кој може почесто да се здобие со скршеници, но вели во секој спорт има повреди, скршеници – повреди секако се случуваат. Досега се здобил со повреди на еден на натпревар, тренинг, камп и на спаринг. За успех во теквондото како спорт вели дека потребно е 50 -50 во однос на физичката и психичката подготвеност.

Г.Д


Во етер
Наслов
Изведувач

Background