Излезе првиот трејлер за последниот филм од култната сага Star Wars
Трилогијата на продолжението на култниот Star Wars ќе ја заокружи Star Wars: Episode IX – The Rise of Skywalker, како филм чија премиера се очекува околу Божиќ оваа година.
Според најавите, ова би требало да е последен дел од трилогијата, во која досега се The Force Awakens и The Last Jedi. Ова се најавува и како последниот филм од целокупната Skywalker сага од вкупно девет играни филмови.
Филмот, односно сценариото и режијата ја потпишуваат Џеј Џеј Абрамс, додека улогите ги толкуваат Дејзи Ридли, Адам Драјвер, Џон Бојега, Оскар Исак, Лупита Нијанго, Домнал Глисон, Кели Мари Тран и други.
Конкретната приказна не е позната, но познато е дека дејството се одвива години по настанот од филмот The Last Jedi.
Првиот трејлер за последниот филм од култната сага Star Wars, можете да го погледнете во прилог.