Ирена Вељовска го корегираше носот: Сакам да сум вечно млада

Популарната фолк пејачка Ирена Вељовска минатата година направи естетска корекција на носот. Корекцијата ја направи во Истанбул, Турција и вели дека не е важно колку пари дала за поубав нос, дека сега се чувствува прекрасно.

-Одаман размислував да направам промена на мојот изглед, но секогаш одложував. Верував и сеуште верувам дека убавината не е мерило за успех, бидејки јас си се гледав себе си како убава жена. Но, беше битен еден друг момент. Почнав да се плашам од староста, јас не сакам да остарам, сакам да сум млада а не сакам ниту духот да ми остари. Токму тој страв од староста беше пресуден момент и сега се чувствувам подмладена. Но, таа корекција не ми го смени карактерот. Сеуште сум на истото ниво и во љубовниот живот и во кариерата. Но, љубовта кон себе прво ја буди внатрешната а потоа и надворешната убавина. Изгледот е огледало на душата а јас се чувствувам совршено во својата кожа, вели Ирена.

    Ирена пред корекција на носот

Според неа не мора секогаш да значи дека ако направиш некоја естетска корекција, ќе ти се врати самодовербата.

„Напротив. Јас самодовербата ја имав и тогаш и сега. Можеби и тогаш и сега барам перфекција. Совршенство. Знам, сега ќе рече некоја ама совршенство нема.  Ама има чувство на совршенство кое постои длабоко во нас и се чувствува кога ние сме среќни и задоволни од самите себе“, додава таа.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background