Истражување: Мобилните телефони предизвикуваат депресија кај децата
Апаратите кои зрачат, како мобилните телефони, поттикнуваат депресија кај тинејџерите, утврдија јапонските експерти, а резултатите ги објавија во „Журнал за педијатрија и психологија“
Тие анализираа дури 18.000 адолесценти и открија дека белата светлина од екранот на мобилниот телефон, посебно ако се користи во вечерните часови, доведува до несоница и други проблеми со спиењето, а тоа со време води во депресија.
Психијатрите го споредија менталното здравје на тинејџерите со квалитетот на сонот и навиките во користењето на технологијата. Новите резултатите само го потврдија минатогодишното истражување објавено во американскиот „Журнал за психијатриски истражувања“.
Покрај несоницата и депресивното однесување, адолесцентите поради зрачењето од екранот склони се и кон суицидно однесување.
Извор: Макфакс