Како влијаат вештачките засладувачи врз човековото здравје

Општо прифатен факт е дека луѓето сакаат слатки и засладени пијалаци. Во денешната ера на брз живот исполнет со стрес тие се еден вид на „механизам за справување со стресот“, но ако не внимаваме, може да преминат и во зависност.

А што е со вештачките засладувачи? Тие најчесто се користат како замена за стандардниот шеќер, но колку тие се добри, а колку штетни по нашето здравје?

Вештачките засладувачи најчесто ги користат лицата кои боледуваат од дијабетес, бидејќи не влијаат врз нивото на глукоза во крвта како што го прави шеќерот. Но, денешните производители нудат засладувачи со помал број на калории, а покрај критиките за вкусот, вештачките засладуачи трпат критики и за состојките кои ги содржат.

Медицински е прифатливо мислењето дека вештачките засладувачи не се штетни по здравјето, ако се користат во умереност, но според најновите истражувања суркалозата и сахаринот кои најчесто ги има во засладувачите може да имаат штетни ефекти по нашето здравје. Двата засладувачи може да влијаат негативно на начинот на кој нашето тело ја процесира храната богата со јаглено-хидрати. Тие исто така може да се „замешаат“ во работата на рецепторите за сладок вкус кои ги има во нашиот гастро интентистинален тракт. Исто така може негативно да влијаат врз способноста да ја метаболизираме глукозата.

Но, што е решението тогаш?

Па за почеток не ги елиминирајте вештачките засладувачи од исхраната, туку ротирајте ги брендовите. Сите се горе-долу исти и ги нудат речиси истите состојки, а со тоа и ефект. Не се обврзувајте само на еден вид на засладувач.

Како и во случајот со шеќерот, така и вештачките засладувачи користете ги во умереност. Нашата зависност од шеќер се зголемува кога ја зголемуваме конзумацијата, а истото може да се каже и за засладувачите. Колку повеќе ги внесувате во исхраната, толку повеќе ги сакате.

Обидете се да конзумирате пијалаци и храна без никакви засладувачи, било природни или вештачки. Наместо цеден сок, напијте се минерална вода. Кафето со неколку лажици шеќер, заменете го со чај со само неколку лажици сок од лимон.

Превземено од: Идивиди


Во етер
Наслов
Изведувач

Background