Како да препознаеме оговарање од вистинска вест

На ова прашање одговор се обиде да даде гостинот во Ноќен експрес бр.58 комуникологот Ненад Живановски кој вели дека одговорот завршува со повисока медиумска писменост на населението.

Но поинтересно е за анализа колку самиот граѓанин има желба да ја идентификува вистината.Со „бомбите“ имавме класичен пример на нешто што е вистинито но индивидуално зависи од човекот дали ќе верува во неа или нема да верува.

Ако сака човекот да верува а по некаква си психолошка природа човекот сака да верува во нешто што е во согласност со неговите морални начела, убедувања и поглед на свет нема што тука веќе да му се наметнува да ја открива вистината така да треба да се остави на самата индивидуа во што ќе верува вели Живановски одговарајќи на тоа како обичниот граѓанин да ја препознае вистинската вест.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background