Како да се ослободите од болките во грбот, вратот, зглобовите и нозете за 7 дена?
За овој рецепт долго се пишуваше на интернет порталите, а оние кои го пробале велат дека е одличен. Како и да е, немате што да изгубите бидејќи сите состојки се безбедни. Затоа, доколку имате проблеми со зглобовите и страдате од болки во вратот и грбот, пробајте го следниот рецепт:
Купете 150 грама желатин со вкус кој вам ви одговара. Оваа количина ќе ви биде доволна за еден месец, колку што трае терапијата. Навечер, ставете 5 грама желатин (две рамни мали лажички) во 50 мл студена вода (од фрижидер). Промешајте и оставете да отстои до следното утро, на собна температура.
Желатинот ќе набубри и ќе се претвори во желе. Наутро изедете ја оваа смеса на гладно, или пак измешајте ја со јогурт, кефир или кисело млеко.
Исто така, можете да го измешате со вашата утринска лимонада или вода со мед. За само една седмица ќе забележите дека болките значително ќе се намалат или ќе исчезнат.
Терапијата трае еден месец по што се прави пауза од 6 месеци, па се повторува. На овој начин всушност се врши еден вид „подмачкување“ на зглобовите.
Инаку, желатинот е производ од животинско потекло, добиен како резултат од преработката на сврзното ткиво на крупната стока: тетиви, коски, ’рскавица… и всушност претставува колаген во најчист облик.
Позитивно делува врз состојбата на внатрешните влакна и ситните садови. Во себе поседува две аминокиселини: пролин и хидросипролин кои имаат позитивно влијание врз закрепнувањето на врзивното ткиво.
Желатинот е во состојба да го зголеми растот и обемот на сврзното ткиво, што е многу важно за болните зглобови.