Канал 77 ќе им го олеснува патувањето на српските туристи низ Македонија
Како се вози на патиштата во Македонија, каква е ситуацијата на граничните премини – ова се само дел од прашањата чии одговори, српските туристи кои поминуваат низ земјава, ќе ги дознаваат благодарение на Радио мрежа Канал 77.
Канал 77 е единствениот македонски медиум кој во претстојниот период ќе соработува со КликФм од Србија, радио кое летово го почна со идеја да им помогне на сите оние кои поради една или друга причина, периодов ќе патуваат низ Македонија. Со вклучување во програмата на КликФм еднаш неделно, екипата на Канал 77 ќе ја информира српската публика за состојбата на патиштата. Исто така, ќе бидат споделувани и други полезни информации, како што се цени на одредени производи, парични казни кои се предвидени со одредени сообраќајни прекршоци согласно Законот за сообраќај на Република Македонија и така натаму.
Се разбира, тие ќе дознаат и за карактеристиките на Радио кафе Канал 77, како место каде може да се одморат и потоа со полни батерии да го продолжат патувањето кон нивната крајна дестинација. Радио кафе Канал 77 е ресторан сместен во Штип. Покрај одличниот поглед на градот и вкусната храна, овој ресторан нуди и апартмани, што секако е придобивка за оние кои ќе одлучат да навратат.