Колку калории дневно можат да се согорат со стоење?

Експертите пресметале колку калории би можеле да потрошат луѓето само со малку повеќе стоење во текот на денот.

Во големa анализа, експертите зеле предвид податоци од 46 студии и врз основа на нив пресметале дека просечниот маж во рок од една минута стоење, согорува 0,19 калории.

Жените со просечна тежина, пак, со дополнителна минута стоење можат да согорат 0,1 калорија. Ова значи дека лице со тежина од 65 килограми би потрошило дополнителни 54 калории доколку во текот на денот стои шест часа.

На годишно ниво тоа се 2,5 загубени килограми, се наведува во студијата.

Извор: Макфакс


Во етер
Наслов
Изведувач

Background